"За бизниси и претприемачи во потрага по иновативни печатени и дигитални промотивни производи."

Лоцирана во Скопје - Македонија, Новатон е компанија специјализирана за менаџмент на ПЕЧАТЕЊЕ и ДИГИТАЛНА ПРОМОЦИЈА, со јасна зацртана цел: да Ве спои со најдобриот, најбрзиот и најевтиниот производител за реализација на Вашите печатени и дигитални промотивни производи. Нашиот ангажман вклучува барање соодветни понуди, прецизирање и изработка на финален производ врз основа на дефинирани спецификации, количина, таргет цена и рок на испорака. Целокупниот процес на производство и самата испорака се под активен надзор на нашата компанија.
Новатон овозможува ослободување на важни ресурси во Вашата фирма и нивна реалокација за други деловни активности, зголемени можности за маневар во процесите на одлучување и подобрен квалитет на деловното работење!